Собор на свети Архангел Михаил

"Собор на свети Архангел Михаил"

На 21.11.2017 година, кога Црквата го слави соборот на свети Архангел Михаил и останатите небесни бестелесни сили, Архангелите Гаврил, Рафаил, Урил, Салатил, Јегудил, Варахил и Јеремил, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во храмот на светите Архангели во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.