Собор на свети Архангел Михаил

"Собор на свети Архангел Михаил"

На 21.11.2018 година, кога Црквата го слави соборот на свети Архангел Михаил и останатите небесни бестелесни сили, Архангелите Гаврил, Рафаил, Урил, Салатил, Јегудил, Варахил и Јеремил, Неговото високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, во сослужение со Високопреосветените Митрополити Европски г. Пимен и Кумановско-осоговски г. Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во соборниот храм на светите Кирил и Методиј во Тетово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.