Соопштение од Петтата сеправославна предсоборска конференција во Шамбези

"Соопштение од Петтата сеправославна предсоборска конференција во Шамбези"

Петтата сеправославна предсоборска конференција, свикана од Неговата Сесветост, Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј во согласност со сите Блажени Претстојатели на помесните Православни Цркви, се одржа во Православниот центар на Вселенската Патријаршија во Шамбези од 10 до 17 октомври годинава.

Работата на Конференцијата започна со соборна меѓуправославна архиерејска Литургија во светиот ставропигијален храм на св. апостол Павле во неделата на богоносните Отци од Седмиот вселенски собор во Никеја, под претседателство на Високопреосветениот пергамски Митрополит г. Јован, кого, поради спреченост, во последните два дена на должноста го заменуваше друг член од делегацијата на Вселенската Патријаршија, Високопреосветениот француски Митрополит г. Емануил во соработка со секретарот за подготовка на Светиот и Велик собор на Православната Црква, Високопреосветениот швајцарски Митрополит г. Јеремија. Во работата на Конференцијата учество зедоа делегации од сите автокефални Православни Цркви.

Претстојателите на помесните Православни Цркви испратија пораки до учесниците на Конференцијата кои беа прочитани на заседанијата. Учесниците на Конференцијата упатија одговор на сите претстојатели на Православни Цркви, просејќи ги нивните молитви и благослови за успешна работа на Конференцијата.

Темите на Петтата сеправославна конференција, согласно волјата на претстојателите, беа дискутирање и конечно одобрување на текстот За автономијата и начинот на нејзино прогласување во Православната Црква, кој го состави Меѓуправославната подготвителна комисија (2009), и едногласно предложените измени на текстовите усвоени на Втората и Третата сеправославна предсоборска конференција (1982 и 1986), кои на нејзините три заседанија (2014 и 2015) ги формулираше Специјалната меѓуправославна комисија.

Конференцијата го проучи текстот За автономијата и начинот на нејзино прогласување во Православната Црква и текстовите кои ги состави Специјалната меѓуправославна комисија на своите состаноци во Шамбези на темите: 1) Односите меѓу Православната Црква и останатиот христијански свет; 2) Мисијата на Православната Црква во современиот свет и 3) Важноста на постот и постењето денес. Во овие текстови се воведени појаснувања, дополнувања, поправки и додатоци.

Пресоборска конференција
Пресоборска конференција

Конференцијата едногласно ги усвои текстовите За автономијата и начинот на нејзино прогласување во Православната Црква, Односите меѓу Православната Црква и останатиот христијански свет и Важноста на постот и постењето денес. Текстот Мисијата на Православната Црква во современиот свет не го потпишаа Руската и Грузиската Црква.

Во Шабези, близу Женева,
16 октомври 2015г.

Претседавач со Конферецијата,

Митрополит француски
ЕМАНУИЛ

Извор: Вселенска Патријаршија