Спилитопулос: Треба да има референдум за изградбата на џамија во Атина

"Спилитопулос: Треба да има референдум за изградбата на џамија во Атина"

Кандидатот за градоначалник на Атина од редовите на Нова Демократија, г. Арис Спилитопулос, ја поддржал идејата за одржување на референдум во Атина во врска со многупати одложуваната изградба на џамија во градот. Г. Спилитопулос, во интервју за неделникот „Прото Тема“ изјавил дека чувствителното прашање на изградба на џамија во Атина е сериозна работа, и дека е неопходно одржување на референдум за да се зачува демократскиот принцип на учество на народот во носењето одлуки.

Запрашан дали има „место“ за повеќе доселеници во Атина, кандидатот на Нова Демократија категорично одговорил со „не“, тврдејќи дека миграциските работи треба да се уредат на локално ниво.

Атина се најде на ударот на светската јавност бидејќи е една од ретките европски метрополи без формална џамија. Иако изградбата на џамија била планирана уште пред одржувањето на Олимписките игри во 2008 година, проектот постојано се одложува и презакажува.

Извор: Tovima.gr