Средба на Киевскиот Митрополит со украинскиот Претседател

"Средба на Киевскиот Митрополит со украинскиот Претседател"

Претседателот на Украина, Н. Е. г. Петар Порошенко остварил средба со новоизбраниот Киевски Митрополит г. Онуфриј. Претседателот му го честитал изборот за Претсетојател на Украинската православна црква на Митрополитот Онуфриј.

– Се молиме Црквата да издржи и да донесе мир, милост и христијански вредности во нашата земја. Државата, и јас како Претседател, ви нудам цврста поддршка во вашето Божје дело. Моите очи и моето срце, како и мојата врата, се секогаш отворени за вас – изјавил г. Порошенко.

Митрополитот Онуфриј му се заблагодарил на Претседателот за честитките, и нагласил дека главна одговорност на Црквата денес е помирување на луѓето: „Секого го прифаќаме со љубов, затоа што сите сме Божји деца, и тоа е нашата главна мисија како Црква“, дополнувајќи: „Сочувствуваме не само со духовните проблеми на народот, туку и со неговите финансиски проблеми. Ја делиме нивната судбина, и така ја ублажуваме нивната тага“.

На крај, г. Онуфриј потенцирал: „Мора да се обединиме во Христа“.

Извор: Московска Патријаршија