Средба во манастирот на свети Јоаким Осоговски

"Средба во манастирот на свети Јоаким Осоговски"

На почетокот на Божикниот пост, кога духовно се подготвуваме за празникот на Рождеството Христово, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, имаше заеднички работен ручек со стопанственици и истакнати личности од јавниот и општествениот живот во Кумановско-кратовското архиерејско намесништво.

Средбата се одржа во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка, и на неа се разговараше за повеќе актуелни прашања во Кумановско-осоговската епархија.