Сослушувањето од првото рочиште во Трочлениот Апелацуски суд на кое денес беше повикан игуменот на светогорскиот Ватопедски манастир, старец Ефрем, монахот Арсениј и уште единаесет други обвинети (едниот од обвинетите е починат) е одложено за 23 март. Причина за одложувањето било несоодветниот простор на судницата, кој се покажал како премал да ги прими присутните обвинети и нивната придружба.
Во знак на поддршка, во Судот биле присутни неколку архиереи од Грчката (меѓу кои и Проиконискиот Митрополит Јосиф, Мантинејскиот Александар, Флоринскиот Теоклит, Додонскиот Хризостом, Закинтошкиот Дионисиј, Лефкадскиот Теофил, Месогејскиот Николај, Драмскиот Павле и др.) и од Кипарската Црква (Лимасолскиот Атанасиј), од Вселенската (Андријануполскиот Амфилохиј) и Александриската Патријаршија (Гвинејскиот Георгиј), како и бројни свештеници, монаси, монахињи и верници.
Како што е познато, пред три години грчкиот Врховен суд ја измени одлуката на Апелациониот суд на Тракија, со која на 1 март 2012 архимандритот Ефрем и монахот Арсениј Ватопедски беа осудени на казна од 6 месеци и суспензија од 3 години, и ги ослободи од обвиненијата. Тој беше обвинет за малверзации при размена на манастирскиот имот на езерото Вистонида и државата. Се шпекулираше дека државата е оштетена за сума во износ од неколку десетици милиони евра. Денес сумата за која се товарат тринаесетмината обвинети изнесува 234 милиони евра.
Извор: Orthodoxia.info, Romfea.gr