Старец Ефрем Ватопедски – добитник на меѓународна награда

"Старец Ефрем Ватопедски – добитник на меѓународна награда"

Архимандритот Ефрем, старец на Ватопедскиот манастир на Света Гора, е овогодинешниот добитник на високата меѓународна награда „Вера и верност“. Од Фондот на св. Андреј Првоповикан, којшто ја доделува оваа престижна награда, одлуката за овогодинешниот лаурат ја објаснуваат со неговиот „подвиг во служење на делото на зајакнување на духовните врски меѓу православните народи“. Церемонијата се одржа во Државниот Кремлински дворец во Москва, Русија.

Старец Ефрем го придружуваше Чесниот појас на Пресвета Богородица, кој беше однесен од Света Гора во Русија, за поклонение на тамошните верници. Според познавачите, собирот околу оваа светиња претставува најмасовното мирно собирање на луѓе во минатото столетие. По враќањето на Света Гора, архимандритот беше уапсен поради сомневање за вмешаност во нелегална трговија со недвижности, по што во притвор помина три месеци, за подоцна да биде пуштен на слобода.

Наградата „Вера и верност“ е воспоставена во 1992 година од Фондот на св. Андреј Првоповикан. Традиционално, таа се доделува на денот на празнување на споменот на светиот апостол, 13 декември. Признанието не сноси парична награда, симболизирајќи ја природата на службата на нејзините лауреати.

Извор: http://istoki-foundation.org/