Што значи да се биде духовен?

"Што значи да се биде духовен?"

Основен услов за [да живееме] духовен живот е да сфатиме дека ние, самите по себе, не можеме да сториме апсолутно ништо. Без разлика колку многу и да се трудиме, духовниот живот е нешто што Некој Друг нам ни го дарува. А Тој „Некој Друг“ е Духот Божји, Утешителот, „ризницата на добрини и животодавецот“, ризницата од кога се излеваат сите духовни блага, изворот од кој се јавува и излева духовниот живот.

Секако, понекогаш ние се збунуваме и мислиме дека да се биде духовен значи да се биде „добар човек“: да не се краде, да не се убива, да не се оди на лоши места или со лошо друштво, секоја недела да се оди в црква, да се читаат духовни книги итн. Но не, тоа не е духовен живот.

Духовен човек, вистински христијанин е оној кој целиот свој живот го заветил на Бога. Првично преку Крштението, а подоцна во срцето, таквиот човек се заветува пред Бога да живее за Него и да остане со Него засекогаш.

Духовен човек е борецот кој се фрла во животот, кој се издвојува од толпите народ и чија душа со сета сила трча кон небесата. Духовен човек е оној кој со сјај во очите се пробива нанапред, го знае својот пат и се трка кон небесата. Тој не е [само] „добар човек“.

Духовниот човек знае дека, за да успее, му требаат силни крила: крилата на Духот Свет. Токму затоа духовниот човек мора да стори сѐ што е во негова моќ за да Го придобие, да Го стекне Духот Божји, зашто единствено Светиот Дух, Самиот Бог, ги има даровите на духовниот живот. Според св. Григориј Нисски, „дарувањето на царските дарови“ на Светиот Дух се случува во Црквата, преку Светите Тајни.

Старец Емилијан Симонопетриски