Служба на светите и спасителни страданија

"Служба на светите и спасителни страданија"

На 13 април 2017 година (во навечерието на Велики петок), во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Утрена богослужба за Велики петок, на која се читаат 12-те свети и страдални Евангелија. За време на службата беше изнесен и Чесниот Крст на Распетието Христово на кој се поклони чесното свештенство и верниот народ.