Судири и протести поради изјава на Грузискиот Патријарх

"Судири и протести поради изјава на Грузискиот Патријарх"

Голем број демонстранти и владини министри протестираа против изјавата дадена од Неговата Светост, Патријархот Илија II, со која се наговестува дека децата родени со сурогат-мајчинство или преку методите на вештачко оплодување ќе бидат „проблематични“ откако ќе пораснат.

Разногласието по ова прашање предизвика и судири меѓу поддржувачите и противниците на Патријархот.

Изјавата била дел од Божикното послание на Патријархот, кое на 7 јануари било прочитано во сите православни храмови во Грузија. Во него, исто така, се вели дека семејствата со вакви деца не можат да бидат среќни.

Изјавата на Неговата Сесветост беше осудена од голем број интелектуалци и политичари, вклучувајќи го и Министерот за здравство и социјална заштита, г. Давид Сергеенко, градоначалникот на Тбилиси, г. Гиги Угулава, и Помошникот-премиер, г. Тамар Чугошвили, кој изјави дека сите деца имаат право на живот и среќа.

Утредента, на 8 јануари 2014г. демонстранти од невладини организации за заштита на човековите права протестираа пред седиштето на Патријархот во Тбилиси. Истовремено, на истото место беа присутни и поддржувачите на Патријархот, при што дојде до судир меѓу двете групи. Полицијата го прекина насилството. Посериозни повреди меѓу демонстрантите не се пријавени.

Извор: www.rferl.org