Судот во Атина го казни новинарот кој го наклевети старец Ефрем Ватопедски

"Судот во Атина го казни новинарот кој го наклевети старец Ефрем Ватопедски"

Првостепениот Суд во Атина донел пресуда во случајот на новинарот Костас Ваксеванис, кој прв ја започна медиумската кампања против Високопреподобниот Архимандрит Ефрем и светогорскиот манастир Ватопед.

Судот објавил дека писанијата на г. Ваксеванис на интернет (објавено во 2012г.) и во неделникот „Епикера“ (објавено во 2010г.) содржеле лажни информации, и како такви, тие претставуваат навредна на достоинството на светогорскиот манастир и неговиот игумен. Според Судот, новинарот свесно користел лажни информации. Судската пресуда го обврзува осудениот новинар да објави деманти и да уплати 10.000 евра на сметката на манастирот поради нанесената морална штета, наместо бараните 15.000 евра од манастирот.

Манастирот Ватопед соопшти дека уплатените средства ќе ги донира на народните кујни на Атинската архиепископија.

Извор: ekathimerini.com