Свети Атанасиј Велики и Кирил Александриски

"Свети Атанасиј Велики и Кирил Александриски"

На 31 јануари 2017 година, кога Црквата го слави споменот на светите Архиепископи Александриски, Атанасиј Велики и Кирил, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше света Златоустова Литургија. Пред Литургијата, во чтец беше произведен г. Драган Стојмановски. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.