Свети Јоаким Осоговски и преподобен Јосиф Спилеот

"Свети Јоаким Осоговски и преподобен Јосиф Спилеот"

На 29.08.2017 година, кога Црквата го прославува споменот на свети Јоаким Осоговски и преподобен Јосиф Спилеот, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Тетовскo-гостиварски г.Јосиф, во сослужение со митрополитот Струмички г. Наум и митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.