Свети Јоаким Осоговски и преподобен Јосиф Спилеот

"Свети Јоаким Осоговски и преподобен Јосиф Спилеот"

На 29.08.2020 година, кога Црквата го прославува споменот на свети Јоаким Осоговски и преподобен Јосиф Спилеот, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение со митрополитите Кумановско – осоговски г. Григориј, Тетовско – гостиварски г. Јосиф и митрополитот г. Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.