Отсекување на чесната глава на св. Јован Крстител

"Отсекување на чесната глава на св. Јован Крстител"

На 11.09.2020 година, кога Црквата си спомнува за отсекувањето на чесната главата на светиот Јован Крстител, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј служеше Света Златоустова Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово.
На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.