Св. Климент Охридски, св. Седмочисленици и св. вмч. Пантелејмон

"Св. Климент Охридски, св. Седмочисленици и св. вмч. Пантелејмон"

На 09.08.2019 година, кога Црквата го празнува споменот на светиот Климент Охридски, светите Седмочисленици и светиот великомаченик и исцелител Пантелејмон, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.