На 07.05.2021 год., Петок од Светлата Седмица – Источен Петок, празник востановен заради чудата што се случувале на изворот покрај храмот „Животоносен источник“ (кој бил посветен на Пресвета Богородица, а се наоѓал во Балаклија, во близина на Константинопол), Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Света Литургија, во храмот Света Петка, во нас. Бедиње, Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Света Литургија во Петок од Светлата Седмица – Источен Петок (Балаклија)
"Света Литургија во Петок од Светлата Седмица – Источен Петок (Балаклија)"