Света Литургија на празникот на Соборот на свети Архангел Гавриил

"Света Литургија на празникот на Соборот на свети Архангел Гавриил"

На 26.07.2021 год., празник на Соборот на свети Архангел Гавриил, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Света Литургија, во храмот на Светите Архангели, во Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Со денешниот празник се совпаѓа и првата годишнина од архијерејската хиротонија на митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Григориј. По тој повод, свештенството на Кумановско-осоговската епархија му ја честиташе годишнината на надлежниот архијереј:

Ваше Високопреосвештенство! По молитвите на Својата Пречиста Мајка и по застапништвото на чесните небесни бестелесни Сили, Пастироначалникот Христос постојано нека Ве поткрепува со Неговата благодатна помош во архипастирскиот труд за доброто на Светата Црква. Молитвено Ви посакуваме добро здравje, духовнa бодрост и благоденствиe за многу и благи години!