Света Литургија во Неделата на св. Григориј Палама

"Света Литургија во Неделата на св. Григориј Палама"

На 28.03.2021 год., втора Недела од Великиот Пост, посветена на св. Григориј Палама, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г.Григориј служеше Света Литургија во храмот Света Троица, во Куманово. На Светата Литургија верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.