Св. великомаченик Георгиј – Старо Нагоричане

"Св. великомаченик Георгиј – Старо Нагоричане"

Црквата Свети Великомаченик Георгиj е средновековен македонски православен христијански црковен храм кој се наоѓа во селото Старо Нагоричане во околината на Куманово. Овој средновековен храм се истакнува по својата импозантна голема (базиликална) градба, одлично зачуваниот фрескоживопис, камениот иконостас и положбата на иконите на него, како и ќелијата на македонскиот светител Прохор Пчињски во непосредната близина.

Дeнeшнaтa цpквa билa пoдигнaтa нa ocтaтoцитe нa пocтap xpaм кoj имaл бaзиликaлнa фopмa, oд 11 вeк, т.e. вo вpeмe нa влaдeeњeтo нa визaнтиcкиoт импepaтop Роман IV Диоген (1067-1071). 3a oвoj пoдaтoк дoзнaвaмe oд житиeтo на светиот Пpoxop Пчинcки, вo чиja чecт импepaтopoт ja пoдигнaл пpвoбитнaтa цpквa, нa мecтoто кaдeшто св. Пpoxop гo зaпoчнaл cвojoт иcпocнички живoт.

Предание за изградбата на црквата

Според преданието, по Божја промисла се случило ова: некој човек по име Диоген, дошол во лов во пустината, каде што преподобниот Прохор се подвизувал. Тој здогледал една срна и почнал да ја брка. Срната бегајќи дотрчала во пештерата на преподобниот, кој пак, често ја хранел. Гледајќи ја срната многу уплашена, проподобниот ја запрашал: „Зошто така бегаш?“ Тогаш пристигнал и Диоген, па гледајќи го влакнестиот старец, облечен во искинати алишта, силно се исплашил, се свртел назад и почнал да бега.

Светиот пустиножител, предвидувајќи со Духот дека набргу ќе постане цар, почнал да го довикува, велејќк: „Диогене, врати се! Не плаши се! Застани! Па и јас сум човек“. Слушајќи ги зборовите на преподобниот, Диоген се вратил и со страв паднал пред нозете на чудниот старец, барајќи благослов од него. Светиот старец го благословил и пророчки му рекол: „Диогене, оди веднаш во Цариград, бидејќи Бог ќе те издигне на царскиот престол. А тогаш немој мене да ме заборавиш. Тие, пак алишта што се на тебе, остави ги во посебна соба и често навраќај се да ги видиш, спомнувајќи си и за мене, старецот, кој живее во оваа пустина.” Диоген го послушал старецот и веднаш отпатувал во Цариград.

И пророштвото на светиот старец се исполнило: по кратко време Диоген постанал цар, a во чест на светиот пустиножител ја изградил оваа црква.

Духовно и културно наследство

Црквата која што ја обновил цар Милутин и која што до ден денес е во селото по својата архитектура претставува монументална, трокорабна, петокуполна базилика во форма на впишан крст со издолжен травеј кон источниот и западниот дел. Куполите и сводните површини се украсени со богата керамопластична декорација. Внатрешниот крстообразен изглед е формиран со полукружните сводови преку столбовите и пиластрите. Над централниот дел се издига голема осмострана купола а во аглите се распоредени четири помали кубиња. Олтарната апсида од внатрешната страна е полукружна а однадвор во горната половина петострана.

Јасно се забележуваат пиластри кои се остатоци од постара црква а на западната страна зачувани се урнати ѕидови и отвори за греди од постоењето на некогашната припрата. Кога се обновува црквата се возобновува и фрескоживописот во 1313 година кога како игумен на манастирот бил Венијамин. Живописот на манастирот е работен од страна на најпознатите средновековни солунски зографи во Македонија, Михајло Астрапа и Евтихиј. Овие двајца познати зографи ја цртале црквата 5 години и истата била насликана од темелот па сè до кровот.

Дел од фрескоживописот
Дел од фрескоживописот

Преку живописот може да се забележи развитокот на стилот од 14-от век во кој што циклусите се претставени на наративен начин запазувајќи го реализмот кој што опстојувал во тоа време. На прв поглед иако композициите изгледаат пренатрупани со ликови тие се јасни со правилно сместување во просторот. По ѕидовите на манастирот се распоредени циклусите од Господовите празници, Страстната седмица, новозаветни прикази, сцени од житијата на Св. Георгиј Победоносец, на Св. Николај Мир-Ликијски и на Пресвета Богородица.

Во централната купола за првпат во византиската уметност е насликан Христос Седржател (Пантократор) заедно со Небеската литургија која подоцна ќе стане составен дел од сликарството. Во олтарската апсида е насликана Богородица со Христос на трон фланкирана со два архангели а под неа се претставени Причестувањето на апостолите и Литургиската служба на архиереите. На олтарската преграда северно е насликан Св. Георгиј, а јужно Богородица Пелагонитиса кои се допојасно прикажани и се единствен пример на фреско икони на камен во Македонија од 14-от век.

Голем дел од фрескоживописот е уништен, затоа што истата била покриена со олово кое подоцна било украдено од Турците. Пред повеќе од 15 години сменет е покривот на црквата која повторно е покриена со олово и сместени се крстови на покривот. Фрескоживописот во црквата е автентичен и истиот само е конзервиран и исчистен. Посебноста на црквата е во тоа што е зачувана првобитната олтарна преграда односно иконостасот кој што е изработен од камени столбови, паралелни плочки и орнаментира архитраф.

Во дворот поставена е камбанаријата која е во поново време изградена.