Архиерејска Литургија во соборната црква на светите Методиј и Кирил во Струмица

"Архиерејска Литургија во соборната црква на светите Методиј и Кирил во Струмица"

Денес (05.01.2014г.), на празникот на светиот Наум Охридски Чудотворец, во соборната црква на светите Методиј и Кирил во Струмица, Божествена Литургија отслужи надлежниот Митрополит Струмички г. Наум во сослужение со Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф. На Литургијата верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Фотографија: mpc.org.mk