Со благослов на Неговата Светост, Патријархот на Москва и Русија Кирил, група на руски поклоници предводена од Митрополитот на Рјазан и Микхаилово, Венјамин, пристигнала во рускиот манастир на св. Пантелејмон на Света Гора Атонска, да земе учество во прославата на манастирскиот патронен празник.
Според одлуката на Свештениот Синод на Руската Црква, во групата биле и Епископите Јоан и Јона, Архимандритот Филип (претставник на Московската Патријаршија во Бугарија) и протојереј Даниел Бојков, како и градоначалникот на Рјазан, Б. Артемов, и неговиот советник А. Левушкин.
Во предвечерието на празникот, на 8 август, сеноќно бдение било отслужено во манастирскиот католикон, кое завршило со Света Архијерејска Литургија со која началствувал Митрополитот Венјамин. На богослужбата биле присутни и Граѓанскиот Гувернер на Света Гора, г. Аристос Касмироглу, и Генералниот Конзул на РФ во Солун, г. А. Попов.
После службата собраните верници извршиле крсна литија околу католиконот, по што Митрополитот Венјамин ја прочитал поздравната порака од Патријархот Кирил до старецот на манастирот, Архимандритот Јеремија. Тој исто така на манастирот му врачил подарок-икона на св. Василиј, заштитникот на Рјазан, и го замолил братството да се моли за светите руски земји, а на сите кои се подвизуваат во Светопантелејмонскиот манастир им посакал помош Божја во нивните подвизи.
Истиот ден била отслужена Голема вечерна, како и Панихида за упокоените ктитори на манастирот, на која присуствувал и Архимандритот Ефрем, старец и игумен на манастирот Ватопед. На трпезата што следела после вечерната богослужба, старец Ефрем го поздравил братството и гостите, честитајќи им го празникот и раскажувајќи за духовното единство меѓу Света Русија и Света Гора.
Извор: Московска Патријаршија