Светата Причест е најголемата утеха во овој живот

"Светата Причест е најголемата утеха во овој живот"

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Остана уште не многу време до Раѓањето Христово… Денес заедно со целата Света Црква го празнуваме споменот на предците на Спасителот – на тие, на кои слегла благодатта Божја, за кои се раскажува во книгите на Светото Писмо на Стариот Завет.

Во овој предбожикен ден ние ја чувме параболата на Господ Исус Христос за повиканите на брачната гозба. Таа се однесува на сите нас и на секого одделно, затоа што повиканите на брачната гозба – тоа сме ние со вас, а домовладетелот, домаќинот на вечерата – Самиот Господ наш Исус Христос. Брачната вечера, која што Он ни ја предлага нам – тоа е светата Евхаристија, на која што Он нé повикува секој пат, кога настапува воскресен, празничен или предпразничен ден, и воопшто секогаш, кога во храмот Божји се служи Литургија.

Но секој од нас има свои работи и грижи: некој има многу работа, друг – многу грижи околу домот, трет – некакви важни придобивки или важни настани во животот, а четвртиот едноставно го фатило мрза да стане порано во неделен ден, дури ако Литургијата започнува во десет часот наутро. Многу често се случува да го одложуваме причестувањето со Светите Христови Тајни за Божикниот или Великиот пост, или за некое друго време во иднина, како причестувањето да е некое повинување, религиозен долг, кој од време на време треба да го исполнуваме.

А всушност причестувањето со Светите Христови Тајни е срцевината на црковниот живот. Тоа е и срцевина на нашиот сопствен духовен живот, затоа што имено Причестувањето, кога ние го соединуваме своето тело со Телото на Господа и својата крв со Крвта на Господа, нé исполнува со тие благодатни сили, кои што ни се неопходни и затоа, за успешно да ги исполнуваме своите земни, професионални и животни обврски.

Господ нé населил во овој свет со сите негови грижи, но ни напомнува, дека ние сме должни да не бидеме од светот. Ние живееме во овој свет, но нашите мисли треба да бидат во другиот свет, затоа што Царството Небесно, кое што Господ го ветил на сите кои што веруваат во Него, се доближило до нас од тој момент; кога Господ дошол во оваа земја и овде, на земјата, ја создал Својата Света Црква.

Царството Небесно воопшто не е далечна апстрактна идеја и не е само тоа што нé очекува нас или некого од нас после прагот на смртта. Царството Небесно е тоа со кое ние се соединуваме уште во овој земен живот, пред сé, во храмот Божји преку Светата Евхаристија.

Во овие предбожикни денови ние особено се замислуваме за смислата на Рождеството Христово и за тоа, зошто Господ избрал баш таков начин за да нé спаси. Он дошол во нашиот свет наместо негде оддалеку, од небесната висина, да ни помага. Ние разбираме дека сето тоа се случило затоа што Господ го возљубил своето создание, целиот човечки род, секој од нас. Мислата за тоа дека Он ги љуби и не ги остава луѓето, дека Господ заради нашето спасение станал човек, се вселил во нас, ја примил на Себе човечката плот, станал беспомошен и немоќен младенец, а потоа растел и крепнел со духот по подобие на сите останати земни младенци родени од жени, нé тера со благодарност да го обраќаме својот поглед и своето срце кон нашиот Создател.

Таа Божествена љубов се пројавува во сé што ни предлага Светата Црква: во Тајната на крштевањето, преку која сите ние сме влегле во тоа Царство Божјо кое што дошло во сила (види: Мк. 9, 1), во Тајната на исповедта, благодарение на која можеме да се избавиме од гревовите и да добиеме простување, во Тајната на Светата Евхаристија, преку која се соединуваме со Самиот Бог духовно, душевно и телесно со целата наша немоќна човечка природа. Во сето тоа се пројавува љубовта Божја кон нас, кон целиот род човечки.

Господ нé повикува на Својата брачна вечера не затоа дека ние сме должни на неа да дојдеме, не затоа дека тоа е некакво повинување или долг пред Него, туку затоа што Тајната на Светата Евхаристија е најдоброто и најпрекрасното што Господ ни го предлага во овој живот. Он ни дарувал многу утехи, многу добра, воедно и земни. Но најголемото нешто, најголемата утеха која што Господ ја дава – тоа е Тајната на Светата Причест.

Ако ние не можеме поради некои причини или услови да се причестуваме често и редовно, тогаш, во краен случај, за време на Божикниот пост, во предбожикните денови, а потоа и во деновите кои што ѝ предходат на Светата Пасха, ќе се трудиме колку што е можно почесто да се причестуваме со Христовите Тајни. Затоа што на таинствен начин, преку Причеста, ако ја примаме со расудување (види: 1. Кор. 11, 29), со мисла за љубовта Божја поради која Црквата живее и ни ги предлага светите Тајни, да учествуваме во брачната гозба Господова, да бидеме причасници на тоа Небесно Царство, кое што ни е ветено не само после смртта, но веќе и овде на земјата дошло во сила и ни се јавува во целиот живот на Црквата, во сите нејзини Тајни, свештенодејствија и обреди, во сите богослужбени текстови и песни и дури во надворешниот изглед на секој храм, кој што се гради и украсува внатре на таков начин, да би ни напомнувал на другиот свет, за иконите и фреските да бидат прозорци во Царството Божјо, во коешто Божествената реалност се открива на човечкиот поглед.

Ќе се подготвуваме за празникот на Раѓањето Христово, помнејќи за таа љубов, поради која Бог дошол во овој свет. Ќе се подготвуваме за средба со родениот Христос, помнејќи дека Христос дошол во светот не поради апстрактни човечки маси, туку за да го спаси секој од нас.

Ќе просиме од Господ празникот на Рождеството Христово да биде за нас средба со Господа, за да го почувствуваме присуството на Бога овде и сега среде нас, во нашето човечко опшество, за да почувствуваме дека Бог ни е близок, да Му излеземе на средба по зборовите на светителот Григориј Богослов кои што често ги слушаме во овие предбожикни денови и ќе ги слушнеме на божикното богослужение: „Христос се раѓа, славете: Христос од небесата, пресретнете (Го): Христос на земјата, вознесете се. Пејте Му на Господа, цела земјо, и со веселба воспејте, луѓе, затоа што се прослави“. Амин.

Митрополит Иларион Алфеев