Свети Атанасиј Велики и Кирил Александриски

"Свети Атанасиј Велики и Кирил Александриски"

На 31 јануари 2019 година, кога Црквата го слави споменот на светите Архиепископи Александриски, Атанасиј Велики и Кирил, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше света Златоустова Литургија.
Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.