На 31 јануари 2016г. по Хр., во 35 Недела по Педесетница, кога се празнува споменот на светите Атанасиј и Кирил Александриски, во црквата на светиот великомаченик Георгиј Победоносец во Охрид беше отслужена Архиерејска Литургија. Со Литургијата началствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Нивните Високопреосвештенства, Митрополитите струмички г. Наум, тетовско-гостиварски г. Јосиф и кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, Високопреподобните игумени Гаврил и Георгиј и епархиското свештенство и ѓаконство. Епархискиот архиереј се обрати пред собраниот народ со пригодна беседа.
Извор: Дебарско-кичевска епархија