Свети великомаченик Димитриј Солунски

"Свети великомаченик Димитриј Солунски"

На 8.11.2017 година, кога Црквата го прославува светиот великомаченик Димитриј Солунски, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во храмот на свети Димитриј Солунски во Крива Паланка.

На Светата Литургија, јерејот Блаже Цековски беше призведен во протојереј, а верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.