На 6 мај 2015 година (Преполовение на Педесетница), кога Црквата го слави споменот на светиот великомаченик Георгиј, во храмот на свети Георгиј во Тромеѓа – Куманово, Неговото Високопреосвештенство, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија и во презвитерски чин го ракоположи ѓаконот Филип Станковски. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
По завршувањето на Литургијата беше извршен мал Водосвет и беа прекршени славските колачи во храмот на свети Георгиј во Тромеѓа – Куманово и во манастирот на свети Георгиј во Дељадровце – Куманово.