Свети Григориј Палама

"Свети Григориј Палама"

На 27.11.2017 година, кога Црквата го слави споменот на: светиот апостол Филип, светиот Григориј Палама и светиот цар Јустинијан, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.