Свети рамноапостолни Кирил и Методиј, сесловенски просветители

"Свети рамноапостолни Кирил и Методиј, сесловенски просветители"

На 24 мај 2019 година кога Црквата го слави споменот на светите рамноапостолни и сесловенски просветители Кирил и Методиј, во храм на свети Димитриј во Крива Паланка, митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Божествена Златоустова Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

По литургијата беше отслужена Панихида во спомен на игуменот Јоаким Крчоски и ерејот Давид.