Божествена Литургија во манастирот на св. Наум Охридски на Попова Шапка

"Божествена Литургија во манастирот на св. Наум Охридски на Попова Шапка"

На 03. 07. 2014, денот кога Црквата го слави споменот на преподобниот чудотворец и отец наш Наум Охридски, во манастирот „Св. Наум Охридски“ на Попова Шапка се отслужи Архијерејска Божествена Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф и надлежниот митрополит Тетовско-гостиварски г. Јосиф, деканот на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“, протојереј-ставрофор д-р Ацо Гиревски, игуменот Агатон, јеромонахот Доситеј од Бигорскиот манастир, парохискиот свештеник Жарко Мицковски и протоѓаконот Антонио Дујовски. На Литургијата празнично слово произнесе Неговото Блаженство, Архиепископот Стефан, преку кое нè потсети на животот, делото и мисијата на светиот Наум.

На Литургија присуствуваше многуброен народ од нашата татковина, како и пратениците од Собранието на Република Македонија, г-ѓа Светлана Карапетрова од Тетово и г. Сашо Аќимовски од Гостивар. Црковниот Одбор на овој духовен бисер на Тетовско-гостиварската епархија, со многу љубов и почит ги пречека сите поклоници на манастирот и приреди трпеза на љубовта.

Извор: Тетовско-гостиварска епархија