Свети Николај Мирликијски

"Свети Николај Мирликијски"

На 19.12.2018 година, кога Црквата го слави споменот на свети Николај Мирликијски, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф во сослужение со Неговото високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен служеше Света Златоустова Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.