Свети Николај Мирликијски

"Свети Николај Мирликијски"

На 19.12.2019 година, кога Црквата го слави споменот на свети Николај Мирликијски, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.