Свети архиѓакон и првомаченик Стефан

"Свети архиѓакон и првомаченик Стефан"

На 9 jануари 2019 година, кога Црквата го слави светиот архиѓакон и првомаченик Стефан, во соборниот храм на Свети Јован Крстител во Кратово, митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф во сослужение со Неговото високопреосвештенство митрополитот Тетовско – гостиварски г. Јосиф служеше света Златоустова Литургија. Верниот народ на Литургијата се причести со Светите Христови Тајни.