Свети великомаченик Мина

"Свети великомаченик Мина"

На 24.11.2018 година, кога Црквата го слави споменот на светиот великомаченик Мина, Неговото високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, во сослужение со Високопреосветените Митрополити Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Кумановско-осоговски г. Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во храмот на свети Мина во Куманово. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.