Светол Петок (Животоносен источник)

"Светол Петок (Животоносен источник)"

На Светол (Источен) Петок (21 април 2017 година), кога го празнуваме споменот на осветувањето на храмот на Пресвета Богородица во Константинопол, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Божествена Златоустова Литургија во храмот на света Параскева во Куманово. Пред Литургијата, во чтец го произведе богословот Филип Тончевски. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.