Воскресение Христово (втор ден)

"Воскресение Христово (втор ден)"

На 17 април 2017 година (понеделник од Светлата седмица) во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија. Пред Литургијата, богословот Христијан Богдановски беше произведен во чтец. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.