Денови на православното образование

"Денови на православното образование"

Заедницата на њујоршкиот Православен факултет „Св. Владимир“ (ПЦА) се подготвува утре (4 октомври) да го одбележи Денот на православно образование. Темата на овогодинешното одбележување е: „Дали книгите се сè уште важни? Прослава на православното издаваштво“. Како воведничар ќе се обрати деканот на факултетот, протојереј проф. д-р Џон Бер, со неговиот говор насловен „Од свиток до книга до мрежа: Мрежа на знаење“.

На настанот ќе бидат изложени книги од девет издавачки куќи од Северна Америка. Планирани се панел-дискусии и работилници за пишување и читање, издаваштво и бибилиотекарство, за сите возрасни групи.

Извор: Православен факултет „Св. Владимир“