Во седмата недела по Пасха, на св. Отци од Првиот вселенски собор (24 мај 2015), кога Црквата го слави споменот на светите рамноапостолни и сесловенски просветители Кирил и Методиј, во соборниот храм во Тетово посветен на светите солунски браќа се отслужи света архиерејска Литургија. На Литургијата чиноначалствуваше Неговото високопреосвештенство, Митрополитот преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, во сослужение на надлежниот архиереј, Неговото високопреосвештенство, Митрополитот тетовско-гостиварски г. Јосиф и Неговото високопреосвештенство, Митрополитот кумановско-осоговски г. д-р Јосиф.
Извор: Тетовско-гостиварска епархија