Во Нео Прокопи, на островот Евија, во храмот на св. Јован Руски во кој се чуваат неговите нетрулежни мошти, се одржа торжествена прослава во чест на големиот праведник, подвижник и светител. На прославата учество зедоа илјадници поклоници од Грција, Русија и други православни земји, соопштува порталот „Света Гора“. Секоја година, во последната седмица од септември свечено се одбележува осветувањето на величествениот храм на св. праведен Јован од 1969 год.
Дента на празникот беше отслужена Утрена и Божествена Литургија со која началствуваше Митрополитот Халкидски и Истијски г. Хризостом. По Литургијата беа произнесени молитви за упокоените бегалци кои биле принудени да ја напуштат Мала Азија после геноцидот во Прокопи од страна на тогашната турска влада, и да го основаат Нео Прокопи каде што и ги пренеле моштите на нивниот небесен покровител. Потоа следеше литија со светите мошти на рускиот праведник по улиците на Нео Прокопиј, во која учествуваа Митрополитот Хризостом, свештеници и ѓакони, претставнции на локалните власти и илјадници верници од сите краеви на православниот свет.
Извор: Православие.ру