Во Триполи (Либан) група на вооружени Салафисти (исламска сунитска секта што ревнува во доследно подражавање на исламскиот пророк) ги посетила градските златари и на нивните сопственици им забранила да продаваат крстови и христијански икони.
Арапските медиуми пренесуваат дека сопствениците на продавници за накит ги собрале сите крстови и икони и ги пренеле во христијанските села во близина на Триполи. Друга група на сопственици, пак, решила тајно да ги сокрие распетијата и иконите, надевајќи се дека подоцна ќе ги пренесе на безбедно место.
Исламската нетрпеливост кон Христијаните во Либија сè почесто се пројавува после поддршката што САД ја дале на „Арапската пролет“: има бројни случаи на мачење и убивање на Христијани (во некои од случаите причината била одбивањето да се прими Ислам) и гранатирање на цркви. Особено загрозени се Коптите во Либан, откако џихадистите прогласиле „отворена сезона“ за убивање на Христијани, за што се добива и парична награда.
Медиумите потенцираат дека ништо од ова не се случувало додека на власт бил претходниот лидер на Либија, Муамер ал Гадафи.