Свештениот Синод на Украинската православна црква – Московска патријаршија го вброи името на благоверниот и велик кнез Стефан во диптихот на светите. Неговиот спомен ќе се празнува на 2/15 јули. Светиот Стефан III Велики, принц на средовековна Молдавија, претходно бил прославен од Романската православна црква во 1992 година, заедно со неговиот духовник, светиот испосник Даниел Воронетски.
Во моментов, православните христијани од одредени делови на Украина го почитуваат неговиот свет спомен, и градат и осветуваат цркви кои го носат неговото име.
Светиот и правоверен принц Стефан Велики (на романски Dreptcredinciosul Voievod Ştefan cel Mare şi Sfânt) бил молдавски владетел (денешна Романија) од 1457 до 1504 година. Бил голем државник и војсководец, но и ревносен православен христијанин. Ја одбранил Молдавија од отоманските напади, и за секоја извојувана победа градел црква или манастир како благодарност кон Бога.
Извор: Украинска православна црква – Московска патријаршија