УПЦ-МП загрижена поради активноста на Вселенската Патријаршија во Украина

"УПЦ-МП загрижена поради активноста на Вселенската Патријаршија во Украина"

Пристигнувањето на двајца епископи на Вселенската Патријаршија во Украина и нивната средба со клирот на Киевската Патријаршија и Украинската Автокефална Православна Црква биле разгледани на заседанието на Светиот Синод на Украинската Православна Црква – МП одржан на 24 јуни 2015 г.

Според објавата на официјалната страница на УПЦ, изразена е загриженост поради ваквото однесување на јерарсите на Вселенската Патријаршија () и побарано е Киевскиот Митрополит г. Онуфриј да добие објаснување на ситуацијата од страна на Вселенскиот Патријарј Вартоломеј (Журнал бр. 25).

Истовремено, украинските новински агенции известуваат за средбата одржана на 18 јуни годинава помеѓу претставници на Киевската Патријаршија и Украинската Автокефална Православна Црква, на која како набљудувачи на Вселенската Патријаршија биле присутни епископите Иларион и Даниил од Америка и Канада. Преговорите завршиле со договор за одржување на Помесен собор за соединување на 14 септември 2015 г.

Извор: УПЦ-МП, РИСУ