На 28.08.2015 година, кога Црквата го слави Успението на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. По светата Литургија беше осветена новата Сувенирница и новата Манастирска гостинска трпезарија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
Успение на Пресвета Богородица
"Успение на Пресвета Богородица"