Успение на Пресвета Богородица

"Успение на Пресвета Богородица"

На 28.08.2017 година, кога Црквата го прославува Успението на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Света Златоустова Литургија во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Пред почетокот на Литургијата беше осветен новиот Свет Престол во храмот на свети Јоаким Осоговски, а по завршувањето на Литургијата беа осветени писарницата и двата реновирани конаци. Писарницата е изградена 1912 година, Стар конак е изграден во 1905 година, а Пролазен конак е изграден во првите децении на XX век.