Во името на Отецот, и Синот и Светиот Дух; сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Господи, Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме мене грешниот !
Господи, Исусе Христе, Сине Божји, заради молитвите на Твојата Пречиста Мајка, и сите светии, помилуј нè. Амин!
Слава Ти, Боже наш, Слава Ти.
Цару Небесен, Утешителу, Духу на вистината, Кој си насекаде и сè исполнуваш, Ризницо на добрините и на живот Подателу, дојди и всели се во нас, очисти нè од секаква скверност и спаси ги, Благи, душите наши.
Свети Боже, Свети Крепки, Свети Бесмртни, помилуј нè. (трипати)
Слава на Отецот, и Синот и Светиот Дух; и сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Господи помилуј. (трипати)
Пресвета Троице помилуј нè. Господи очисти ги нашите гревови. Владико, прости ни ги нашите беззаконија. Свети, посети нè и исцели ги нашите слабости заради Твоето име.
Слава на Отецот, и Синот и Светиот Дух; и сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Оче наш, Кој си на небесата, да се свети името Твое, да дојде Царството Твое, да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата. Лебот наш насушен дај ни го денес, и прости ни ги долговите наши, како што им ги проштеваме и ние на нашите должници и не воведувај нè во искушение, туку избави нè од лукавиот.
Троични тропари, глас 1
Од сон станати, Ти припаѓаме, Благи, и ангелската песна Ти ја пееме, Силни: „Свет, Свет, Свет си Боже, поради Богородица помилуј нè!“
Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.
Од одарот и сонот си ме подигнал, Господи, просвети го умот мој и срцето мое и отвори ја устата моја, за да Те воспева, Света Троице: „Свет, Свет, Свет си Боже, поради Богородица помилуј нè!“
И сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Одненадеж Судијата ќе дојде и делата на секого откриени ќе бидат, но со страв на полноќ да повикаме: „Свет, Свет, Свет си Боже, поради Богородица помилуј нè!“
Господи помилуј. (12 пати)
Молитва
Од сонот станат Ти благодарам, Света Троице, зашто поради Твојата голема добрина и долготрпение не се прогневи на мене мрзеливиот и грешниот, ниту ме погуби со беззаконијата мои, туку го покажа Своето вообичаено човекољубие и ме подигна мене во очајание паднатиот, за да Ти утренувам и да ја славословам крепоста Твоја. Просвети ги сега духовните очи мои, отвори ја устата моја да се поучува од зборовите Твои, да ги разбере заповедите Твои, волјата Твоја да ја твори, да Те пее во срдечно исповедение и да го воспева Твоето сесвето име; на Отецот, и Синот и Светиот Дух; сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Молитва
Слава Ти, Цару, Боже Седржителу, зашто по својата божествена и човекољубива промисла ме удостои мене грешниот и недостојниот од сон да станам и во светиот Твој дом да влезам. Прими го, Господи, и гласот на мојава молба, како на светите и духовни Твои Сили, и благоволи со чисто срце и дух смирен, пофалба да Ти принесам од моите скверни усни: та и јас станувајќи учесник со мудрите девојки, со запалената светилка на мојата душа да Те славам Тебе , во Отецот и Светиот Дух, прославениотБог Слово. Амин.
Дојдете, да Му се поклониме на Царот нашиот Бог.
Дојдете, да Му се поклониме и да припаднеме кон Христа, Царот, нашиот Бог.
Дојдете, да Му се поклониме и да припаднеме конСамиот Христос, Царот и Бог наш.
Псалм 50–ти
Помилуј ме, Боже, поради Твојата голема милост, и поради мноштвото на штедроста Твоја, очисти ме од беззаконието мое. Најнапред измиј ме од моето беззаконие и од гревот мој очисти ме. Зашто јас го знам моето беззаконие и грвот мој секогаш е пред мене. Тебе единствено Ти згрешив и зло пред Тебе сторив, за да се оправдаш во зборовите Свои и да победиш кога ќе судиш. Ете, во беззаконие сум зачнат и во грев ме роди мојата мајка. Ете, вистината си ја возљубил, и надумната и тајна премудрост твоја си ми ја јавил. Пороси ме со исоп и ќе се очистам, измиј ме и побел од снег ќе бидам. Дај ми да слушам радост и веселба, да се зарадуваат коските скрушени. Одврати го лицето Твое од гревовите мои, и сите мои беззаконија избриши ги. Срце чисто соѕидај во мене, Боже, и дух вистински обнови во утробата моја. Не отфрлај ме од лицето Твое и Духот Твој Свет не одземај го од мене. Дај ми ја радоста на спасението Твое и со Дух Владичествен утврди ме. Ќе ги научам беззакониците на патиштата Твои, и нечистивите кон Тебе ќе се обратат. Избави ме од крв, Боже, Боже на моето спасение, ќе се зарадува јазикот мој на правдата Твоја. Господи, усните мои отвори ги и устата моја ќе ја објавува пофалбата Твоја. Зашто да сакаше жртва, ќе Ти ја принесев, но сепаленици не благоволиш. Жртва за Бога е духот скрушен, срцето скрушено и смирено Бог не ќе го презре. По благоволението Свое, Господи, направи му добро на Сион и нека се возвишат ѕидните ерусалимски. Тогаш ќе Ти бидат угодни жртвите на правдата, приносите и сепалениците, тогаш на олтарот Твој ќе се полагаат телци.
Символ на верата
1Верувам во Едниот Бог Отец, Седржител, Творец на небото и на земјата, на сè видливо и невидливо; 2И во Едниот Господ Исус Христос, Синот Божји, Единороден, Кој е роден од Отецот пред сите векови; Светлина од Светлина, вистински Бог од вистинскиот Бог, роден, нестворен, единосушен со Отецот, преку Кого сè станало. 3Кој заради нас луѓето и заради нашето спасение, слезе од небесата, се воплоти од Светиот Дух и Дева Марија и стана човек. 4И Кој беше распнат заради нас во времето на Понтиј Пилат, страдаше и беше погребен. 5И Кој воскресна од третиот ден, според Писмото. 6И Кој се вознесе на небесата, и Кој седи оддесно на Отецот. 7И Кој пак ќе дојде со слава да им суди на живите и мртвите и Неговото Царство не ќе има крај. 8И во Светиот Дух, Господ, Кој дава живот, Кој исходи од Отецот, кој со Отецот и Синот е сопоклонуван и сославуван и Кој говорел преку пророците. 9Во едната, света, соборна и апостолска Црква. 10Исповедам едно крштение за прошка на гревовите. 11Го чекам воскресението на мртвите 12и животот во идниот век. Амин.
Молитва прва
Боже, очисти ме мене грешниот, зашто ништо добро не сторив пред Тебе, но избави ме од лукавиот и нека волјата Твоја биде во мене, за неосудено да ја отворам устата моја недостојна и да го восфалам Твоето свето име; на Отецот, и Синот и Светиот Дух, сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Молитва втора
д сон станат, полноќна песна ти принесувам, Спасителу, и припаѓајќи Ти повикувам: „Не
давај да заспијам во смрт гревовна, туку уштедри ме Ти, Кој доброволно се распна; и поитај да ме исправиш мене во унение легнатиот, и спаси ме низ молитви и бдение; и по сонот ноќен, заблескај ми безгрешен ден, Христе Боже, и спаси ме!“
Молитва трета
Кон Тебе, Владико Човекољупче, од сон станат прибегнувам, делата Твои се трудам да ги извршувам и по милосрдието Твое Ти се молам: „Помогни ми во секое време и во секое нешто, од секоја светска злоба избави ме, од секоја ѓаволска ревност спаси ме и воведи ме во Твоето вечно Царство. Зашто Ти си мој Создател и на секое добро Промислител и Подател, во Тебе е сета моја надеж и Тебе слава Ти вознесувам, сега и секогаш и во сите векови. Амин.
Молитва четврта
Господи, Ти Кој со Својата благост и огромна штедост ми даде мене, слугата Твој, минатото време од оваа ноќ без напаст од секакво душманско зло да ми мине; Ти Сам, Владико, Создателу на сè, удостој ме се вистинската Твоја светлост, та со просветено срце да ја творам волјата Твоја; сега и секогаш и во сите векови.Амин.
Завршна утринска молитва кон Пресвета Богородица
Пресвета Владичице моја, Богородице, со светите и сесилни твои молитви отстрани го од мене, смирениот и беден слуга твој, секое униние, заборавеност, неразумност, мрзливост, и сите скверни, лукави и хулни помисли од бедното срце мое и од помрачениот мој ум, и изгасни го пламенот на страстите мои, зашто ништ сум и беден. Избави ме од множеството на моите лути и беззакони спомени и дела и ослободи ме од секое демонско дејство; зашто благословена си во секое колено и се слави пречесното име твое во сите векови. Амин.