Вечерна богослужба на свети Јоаким Осоговски

"Вечерна богослужба на свети Јоаким Осоговски"

На 28.08.2017 година, во предвечерието на славата на свети Јоаким Осоговски и преподобен Јосиф Спилеот, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, на покана на митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, служеше Вечерна богослужба во манастирот на свети Јоаким Осоговски во Крива Паланка.