Информативната служба на Кумановско-осоговската епархија ги адаптираше постоечките два инфографици – календари посветени на а) подготвителните недели пред Великиот пост и б) неделите од Великиот пост. Како што самото име кажува, инфографиците претставуваат средство со кое преку графичка презентација на брз начин се пренесуваат корисни податоци. Покрај нив, изработени се и достапни за преземање и еден календар на Великата Четириесетница, како и текстот на Великиот канон на св. Андреј Критски, дополнет со белешки (извадоци од Светото Писмо) за подобро разбирање на неговата содржина.
На овој начин, се надеваме дека ќе го помогнеме Великопосното патешествие на посетителите на нашата веб презентација.
Материјалите се достапни во .pdf и .jpg верзија на следниот линк: Издаваштво.