Василиева Литургија на Велика Сабота

"Василиева Литургија на Велика Сабота"

На Велика Сабота (7 април 2018 година, кога се слави и Благовештението на Пресветата Владичица наша Богородица и Секогашдева Марија), во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Божествена Василиева Литургија. На Светата Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.