Литургија на претходноосветени дарови во Куманово

"Литургија на претходноосветени дарови во Куманово"

Во светата и велика Среда од Страсната седмица, 12 април 2017 г., кога се сеќаваме на жената грешница, што Го помаза Господа со миро, во митрополитскиот соборен храм на свети Никола во Куманово, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф служеше Литургија на претходноосветени дарови. На Светата Литургија верниот народ се причести со претходноосветените Христови Тајни.